КАКО ДА СТИГНЕТЕ Маракеш е добро поврзан со повеќе градови во Мароко, има железница и автобуски превоз. На пример автобусот од Оурзазате до Маракеш чини 85 дихрами, има повеќе автобуси во текот на денот, ние го фативме автобусот во 23.30 и стигнува во Маракеш во 3.40 наутро. Од Фез и од Казабланка има и […]

Ouarzazate се наоѓа на половина пат помеѓу Мерѕуга и Маракеш. Автобусот од Мерѕуга тргнува во 8.30 и стигнува накај 15.30 , билетот чини 14 евра во еден правец. Патот кој води до Оурзазате делува баш филмски, од угорници и удолници од двете страни пустини и чат пат ќе се појави по некоја оаза или некое […]

  За да стигнете до Есаура од Маракеш потребни ви се околу 3 часа возење со автобус со попатнат пауза од 30 мин. Повратна карта ќе ве чини 120 дихрами, првиот автобус со компанијата CTM е во 8 часот наутро. Автобуската е доста блиску до центарот и до него може да се стигне пешки. Градот […]

За Сахара сепак се одлучивме да одиме во сопствена режија и да ги избегнеме стандардните тури за туристи. За да стигнеме до Merzouga фативме ноќен автобус од Фез, патувањето трае околу 10 часа со попатни паузи и пристигнувате во пустината рано наутро околу 6 часот, билетот во еден правец чини 170 дихрами т.е. околу 17 […]

Шефшауен е светски познат како еден од најшарените градови во светот. Станува збор за мало планинско гратче кое што се наоѓа на само 200 км од Фез. Баш поради тоа дека е мало место многумина се одлучуваат да одат само на еднодневна екскурзија. Исто и ние се одлучивме за таа варијанта. Патувањето од Фез трае […]

Риад ДАР РИТА се наоѓа во Оурзазате и е сместен во една мала интересна населба Tassoumat каде што навистина може да го осетите локалниот живот. Децата си играат на улица до касно навечер, сосетките си муабетат, повозрасните си седат пред локалните дуќанчиња, занаетчиите си работат, точаци и играчки расфрлани и оставени на сред улица и […]

Фез е град кој плени со својата убавина, честопати е запоставен од страна на туристите при нивната посета на Мароко, но овој град навистина вреди да се посети. Фез бил првиот главен град на Мароко, Фез е главен кулинарски град во Мароко, Фез ја има најголемата и најстара медина во светот, Фез го има најстариот […]